Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер потрошија цело богатство за реновирање на нивниот имот во Калифорнија.
Клои и Крис имаат паралелни имоти на кои има две огромни вили кои сега се реновираат, за кои потрошија неверојатни 37 милиони долари.
Кардашијан и нејзината мајка не штеделе кога станува збор за реновирање, па потрошиле значителна сума пари за сè да изгледа како што замислувале.
Да потсетиме, Клои неодамна се најде во центарот на скандал, кога манекенката Сиднеј Чејс (23) на подкаст на ЈуТјуб откри дека на почетокот на оваа година била во интимна врска со НБА ѕвездата Тристан Томпсон (30), со кого Клои ја има ќерка Тру.
Инфлуенсерката јавно изјави дека Тристан тогаш и рекол дека е слободен и дека не е во врска, но таа го прекинала контактот со кошаркарот веднаш штом дознала дека тој повторно е во врска со Клои. Ова не е прв пат Тристан да биде неверен.
Откако беше снимен како се бакнува со Џордан Вудс во 2019 година, додека Клои беше бремена сепак ријалити ѕвездата тогаш реши да му ги прости неверствата и да му даде втора шанса поради нивната ќерка.