Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска, заедно со кандидатката за градоначалничка на Велес, Маја Хеско, и носителот на советничката листа Јованче Манасков, денеска се на средби со граѓаните на Велес.

„Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е да создадеме град кој нуди можности за сите – за младите, за жените, за пензионерите, достоинствен живот за граѓаните на Велес,“ рече Каранфиловa Пановска.

Во делот за младите, програмата предвидува отворање младински иновациски лаборатории – простори за стартапи, ИТ-решенија и креативни проекти, како и програма за младинско вработување во партнерство со компании и институции, и бесплатни обуки за дигитални вештини, странски јазици и претприемништво.

Таа додаде дека особен акцент е ставен и на жените и економското јакнење преку фонд за женско претприемништво, поддршка на креативни индустрии и обуки за добро платени сектори.

Во делот на социјалните политики, СДСМ во Велес планира субвенции за самохрани родители, бесплатен училиштен прибор и книги за деца од ранливи семејства, пристапност за лицата со попреченост и изградба на инклузивни детски игралишта.

Посебен дел од програмата, рече Каранфиловска – Пановска, е посветен на родовото буџетирање и еднаквоста, како и на поддршката за пензионерите со пренамена на „Вила Зора“ во современ Дом за стари лица, бесплатен јавен превоз за пензионерите и активности за трета доба.

„СДСМ се бори Велес, да стане модерен чист и зелен град, со силна економија што создава можности, за град што се грижи за секој човек. Затоа велиме – се бориме за нашиот дом,“ порача Каранфиловa Пановска и ги повика граѓаните својот глас на 19 октоврми да го дадат за бројот 5, за Маја Хеско за градоначланичка и советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од Јованче Манасков.