„Првото нешто што треба да му објасниме на Брисел е дека начинот на којшто работи Северна Македонија кон Бугарија, не можеме да го продолжиме. Имаме јасна и цврста позиција. Прашањето е следната бугарска влада да продолжи со оваа политика и да не потклекнува “, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, за време на одбележувањето на Денот на ракетните војски во Бугарија., нагласувајќи дека ќе има притисок, без да прецизира од кого.