„Политиката на Бугарија треба да се решава во Софија. Не во Москва, не во Пекинг, ниту во Брисел или Вашингтон. Овде во Софија“, категоричен е лидерот на ВМРО, потпретседателот на бугарската Влада и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за телевизијата „Бугарија 24“.
Лидерот на ВМРО истакна дека неговата партија нема да влезе во коалиција со ниту една политичка партија која што ќе попушти од бугарскиот став за Македонија.
„Просто и јасно е политиката на Бугарија се води тука и од нас“, дециден е Каракачанов.
Каракачанов додава дека не го интересира дали ќе остане сам заради својата позиција за Македонија и подвлекува дека за него е важно да не остане без неговиот народ.
Што уште кажа Каракачанов погледнете во видеото што следи: