Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов тврди дека во Северна Македонија има многу повеќе Бугари отколку Срби.

„Зошто бугарското население не се признава кога таму има само 30,000 Срби, а 120,000 имаат бугарски пасоши и илјадници други кои чекаат да добијат пасоши?”, пишува на неговиот Фејсбук профил Каракачанов.

Тој жали што сегашната политичка елита во Скопје претпочита да ги слави џелатите на својот народ.

„Колку е чудна балканска разновидност на Стокхолмскиот синдром. Или поточно, тоа е синдром Белград-Москва“, вели тој.

Неговата реакција уследи откако Заев им го честита празникот Свети Сава на македонските срби најавувајќи воведува српскиот јазик како изборен предмет во основните училишта.
Каралачанов,  смета дека е пологично Скопје да го одбележува 3 март, националниот празник на Бугарија, денот кога Бугарија, заедно со денешна Македонија, беше ослободена од Османлиската империја.