Откако деновиве актуелна стана темата за повторната промена на имињата на улиците во главниот град на државата Скопје, не задоцни и реакцијата од страна на министерот за одбрана на Република Бугарија и потпретседател на Владата Красимир Каракачанов, кој во подолг пост на социјалната мрежа Facebook повторно ги повика македонските власти да му го продадат тргнатиот споменик на револуционерот и раководител на Илинденското востание Борис Сарафов .
Во својата реакција Каракачанов ги прашува политичарите во Скопје, зошто го слават Илинденското востание, кога во главниот град на државата нема место за улица на името на раководителот на истото востание, Сарафов.
Каракачанов додава уште дека единствениот грев на големиот револуционер, бил фактот што бил Бугарин и офицер од Бугарската армија.
Прочитајте ја целата реакција на министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов:
„Градоначалникот на Скопје Шилегов се пофали деновиве, дека ќе ги мемува имињата на неколку улици во градот. Кажано во кратки црти: во Скопје повторно ќе има улица на името на Ленин и сл.
Се разбира тоа не може да биде изненадување. Современата скопска елита е творба во духот на ленинизмот, а уште повеќе на сталинизмот. Во скоро време во Скопје може да има и улица „Сталинова“. Како што е тргната работата тоа време не е далеку, ако се разбира не е дојдено веќе.
Интересно е зошто се менува името на улицата „Борис Сарафов“. Таа улица веќе нема да го носи името на револуционерот, кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше дел од штабот на Илинденското востание. За Борис Сарафов нема сомнеж дека бил Бугарин, исто како и за останатите во тоа востание. Дали токму тој факт не ја предизвикал промената на името? Тој маж е воен раководител на Илинденско-Преображенското востание во Битолскиот револуционерен округ. Неговата единствена „вина“ според оние во Скопје, очигледно е дека тој бил Бугарин и бил офицер од бугарската армија.
Сакам да ги потсетам дека заедно со Гоце Делчев и Борис Сарафов е питомец на Бугарското воено училиште во Софија. Со каков аршин мерите? Едниот го објавувате за Македонец, а неговиот брат Борис Сарафов, демонстративно го исфрлате од вашата историја.
Нели Скопје го почитува Илинденското востание од 1903 г.? Можеби го почитувате т.н. Втор Илинден, оној во 1944 г, којшто ги постави македонизмот и коминтерновските постулати како државна идеологија.
Ако е така, зошто воопшто денешните политичари во Скопје одат на одбележувањата на Илинденското востание од 1903 г.? Зошто полагаат цвеќиња на споменикот на Мечкин камен и ја прославуваат Крушевската република? Зошто настојуваат на овој дел од историјата? Ако такви ликови како Сарафов се проблематични за Скопје, зошто тогаш Скопје толку настојува на историското наследство од 1903 г.?
Откако тивко го тргнаа неговиот споменик пред извесно време, ова е вториот јасен сигнал од стана на власта во Северна Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов, освен таа што тој бил Бугарин?
Ги повикувам управниците во Скопје:
Ние од ВМРО сме готови со лични средства да го откупиме тргнатиот од нив споменик на Борис Сарафов, којшто доскоро чекаше во една леарница во градот, да биде стопен како старо железо“, стои во реакцијата на Каракачанов објавена на социјалната мрежа Facebook.