Специјалниот претставник на македонската Влада за спорот со Бугарија, Владо Бучковски следната недела доаѓа во Бугарија, изјави бугарскиот вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов во емисија на бугарското „Радио К2“.
– Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму! – изјави Каракачанов.
Тој смета дека позицијата на Бугарија нема да биде променета и по оваа средба.
– Нема причина да се менува позицијата на Бугарија, напротив дури треба да ја зајакне својата позиција – вели Каракачанов.
Каракачанов додава дека две години се обидувал на Зоран Заев да му објасни дека Бугарија не е банана држава, но тој не го разбрал тоа.