https://www.facebook.com/zoom.sm1/videos/2590672601223144

Немам ништо против ако некој во Македонија сака да се нарекува Македонец и сака да го нарекува својот јазик македонски затоа што никому не го негираме правото на идентитет и да се чувствува какошто сака, но сме против тврдењето дека македонскиот идентитет бил на 1000 години, вели Красимир Каракачанов, министер за одбрана на Бугарија, во интервју за зум.мк.

„Добро, сакаш да бидеш Македонец, биди, но немој да присвојуваш туѓа историја. Немој, луѓе што додека биле живи се нарекувале Бугари, сега кога се умрени да им ги менуваш имињата. Не може после смртта, да го крадеш идентитетот на луѓе како Гоце Делчев, како браќа Миладиновци, како Самоил, како кој и да земеш, коишто се нарекувале Бугари, а не Македонци. Тоа е  српска практика“, изјави Каракачанов одговарајќи на прашањето зошто ги нарекува Македонците, Бугари.

Тој смета дека е неприфатливо да се тврди дека Цар Самоил бил македонски цар, кој наводно не само што бил македонски, туку и се борел против Бугарија.

„Самиот Цар Самоил, се нарекувал Бугарин.  Неговиот наследник Иван Владислав на Битолскиот натпис… кој што се наоѓа во  битолскиот музеј, таму пишува: „Јас Иван Владислав, самодржец бугарски наследник на бугарскиот цар Самоил, ја изградив тврдината Битола во одбрана на бугарскиот народ“, укажува Каракачанов.

Според него, нема како да се каже дека Миладиновци се Македонци, кога во музејот во Струга се ноаѓа нивната книга, насловена „Бугарски народни приказни“.

„Книгата е издадена во 1861 години во Загреб, не во Софија, во Загреб. Во 1861 година немало бугарска држава, дури немало ни бугарска Егзархија, којашто според македонските историчари била основниот фактор за бугаризацијата на населението“, потсетува бугарскиот министер.

Ниеден преродбеник, почнувајќи од Жинзифов, Прличев, не се нарекуваат Македонец, идентитет кој се појавува после 1944 наметнет со насилство од Југославија, вели Каракачанов додавајќи дека сличен однос југослвенските власти имале и кон новото македонско раководство со бугарско чувство, како што биле Брашнаров и Шатев.