„Бугарија нема територијални претензии, ниту претензии за малцинство кон РС Македонија“, изјави министерот за одбрана и потпретседател на бугарската влада Красимир Каракачанов.
Тој потсети дека властите во Скопје упорно одбиваат да испратат писмо до ОН во кое јасно че истакнат дека сегашното име на земјата РС Македонија се однесува само за неа во нејзините сегашни граници.
Во однос на списокот што го објави со имињата на граѓани на РС Македонија, кои имаат и бугарско државјанство, Каракачанов истакна дека македонските политичари со бугарско државјанство треба да дадат одговор на прашањето кога биле искрени: Кога држеле антибугарски говори во Парламентот на РС Македонија или кога ги добивале бугарските пасоши врз основ на нивното бугарско потекло?
Каракачанов ја коментираше и честитката за 8-ми Март која тој ја објави и со која предизвика реакции од страна на претседателот Пендаровски и премиерот Заев.
„Ова е честитка за 8-ми Март со којашто им го честитаме празникот на бугарските мајки. Бугарски мајки нема само во Бугарија. Таа картичка по никаков начин не значи територијални претензии“, подвлече лидерот на ВМРО.
На прашањето дали Русија претставува закана за Бугарија, Каракачанов истакна дека ако се земе во предвид напрегнатоста во регионот на Црноморскиот регион, Русија е закана за целата ЕУ и за Бугарија.