Вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана, Красимир Каракачанов тврди дека Северна Македонија е стратешка тема за Бугарија.
„Претседателот Петар Стојанов велеше дека ова е најромантичниот, но и најтрагичниот, би додал, дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причината“, рече Каракачанов за БНТ.
Тој жали што Северна Македонија мисли дека потпишаните договори можеби не треба да се спроведуваат.
„Таму и до денес, и покрај сите перипетии во текот на годините, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морална и историска посветеност кон овие луѓе“, вели Каракачанов.
Според него, владата на Заев најмногу бара компромис, кој ако се постигне ќе го доживува не како благороден гест, туку како слабост и незаинтересираност.
„Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри во создавањето на нивниот идентитет кога веќе има услови за тоа“, изјавил Каракачанов.