Претседателот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, соопшти дека навива за македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал затоа што таа е репрезентација на другата бугарска држава.

„Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници“, вели Каракачанов за ТВ-емисијата „Бугарија 24“.

Тој објасни дека ако бугарската репрезентација не е пласирана на Европското првенство, тогаш ќе ја бодри другата репрезентација на Бугарија.

„А, за кого треба да навивам, за Турција ли“, прашува Каракачанов.