Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, неодамна на новинарско прашање одговорил кој е условот Македонија да стане дел од европското семејство.

Тој открил дека Македонија би била дел од ЕУ само доколку стане албанска провинција или, пак, ако се приклучи кон Бугарија.

„Има иднина, јас сум зборувал со повеќе скопски политичари и им кажувам дека имаат две алтернативи. Едната е за 20 години да се приклучат кон Албанија и да станат албанска провинција, а другата е европска интеграција, нормално во рамките на една бугарска држава“, вели Каракачанов.