„„Колегите“ и „приjaтелите“ вo Скопjе се обидуваат на секаков начин да го одвлечат вниманието од огромниот скандал што ги поврзува со словенечката фабрика за лаги „ИФИМЕС“.
Наместо да кажат едно обично „извинете, погрешивме“ тие се обидуваат да играат како крадецот што вика држете го крадецот. Не успеваат да ја сокријат паниката, што ги совладала заради трагот на парите, што одат до лобистите во Љубљана. Како биле финансирани „Словенците“ и пред се како продолжуваат да бидат финансирани и „насочувани“ од владата во Скопје против Софија“, вели министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада во објава на социјалната мрежа facebook.
„Се е познато, „колеги“, а ние ќе се потрудиме за тоа дознаат во блиска иднина и Европејците! Потсетувам дека во анализите направени од советниците на Заев, Бугарија е претставена како „вештачка држава“, без Бугари, но населена со насилно „бугаризирани и ставени во пранги Македонци“. За нив Бугарија била и продолжува да „биде фашистичка земја“. За нив, канцеларката Меркел е „шефката на балканската мафија во ЕС“, а нејзината партија ЦДУ се „прикриени фанови“ на нацизмот и Хитлер.
Не го барајте скандалот на друго место „колеги“ во вашиот двор е. Огромен е и е европски“, вели Каракачанов во својата објава.
PS: На фотографијата од конференција организирана од словенечките лобисти од „IFIMES“ можат да се видат премиерот Заев, неговите двајца советници- челници на ИФИМЕС, со звучните словенечки имиња Зијад Беќировиќ и Бахтијар Алјаф. Пред нив се „колегите“ Виктор Димовски-шеф на АНБ на РС Македонија, Зоран Верушевски- советник за национална безбедност и српските советници Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ.