Бугарскиот министер за одбрана ги отфрла како смешни тврдењата на македонските медиуми дека со жешката реторика против Северна Македонија во суштина одразборува за рускиите интереси во Балканот.

Каракачанов тврди дека таквите идеи ги шиират промоттерите на руско-советската српската идеологија на македонизмот, кои делуваат според бугарската поговорка: Крадецот вика, држете го крадецот.

„Идеологијата на ВМРО секогаш била насочена кон тоа, да бара пат на Запад во својата политика. Ако ме погледнете како политичар и министер извинете, но прорускиот политичар, направи зделка со Американците за 2 милијарди, да купи амерички авиони“, иронизира Каракачанов.

Тој верува дека ги штити бугарските интереси, а не руските.

„Крадецот вика држете го крадецот. Учениците, потомците на марксистичко-ленинската руска идеологија на комунизмот. Наследниците на српската политика во Македонија велат дека Бугарија која ги штити своите интереси, спроведувала руска политика. Глупости на тркала!“,смета Каракачанов.