Во утринското гостување на БТв, бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов, посочи дека С.Македонија ќе чека уште долго време, доколку се однесува како држава која и е ментор на Бугарија и ги определува условите.
„Бугарија има право да побара да се исполнат некои услови од земјите кои се кандидатки за членство во Унијата. Меѓу нив, секако е прашањето за нашата национална сигурност. Нема да можеме понатаму со инаетот кој го гледаме во Скопје. Тие велат „ние сакаме“, но и јас можеби сакам многу работи, ама не можам да сакам нешто што не е мое. Тие претендираат кон бугарска историја, без притоа да упатат јавно извинување за вознемирувањето на Бугарите“, посочи Каракачанов во своето интервју за бугарски медиум.