Првиот човек на ВМРО во Бугарија Красимир Каракачанов ги повика Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Александар Пандов, Петар Богојески, Филип Петровски и други „познати“ македонски Бугари, да гласаат за неговата партија на претстојните парламентарни избори во Бугарија.

Министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов, денеска на социјалната мрежа facebook објави список на македонски граѓани кои поседуваат и бугарски државјанства и имаат право на глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија.

Каракачанов во својот facebook статус ги наведе имињата на Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Љупчо Димовски, Бојан Стојановски, Иван Јорданов, Игор Здравковски, Марија Петрушевска, Дајанчо Ефтимов, Здравко Трајанов, Александар Пандов, Филип Петровски, Петар Богојески, Стевица Јанева, Тало Груевски.

Во објавата Каракачанов наведува дека е можно совпаѓање на имињата, но додава дека сака да верува дека во Македонија не е веќе криминал да се декларираш слободно како етнички Бугарин, без да бидеш навредуван за тоа.

Каракачанов подвлекува дека на многу од политичарите и на јавните личности од Македонија што лично ги познава не им е лесно да го признаат фактот дека се Бугари и сонуваат за тоа што го кажал големиот водач на ВМРО, Тодор Александров „обединувањето на целокупното бугарско племе“.
Каракачанов ги потсети сите овие „познати“ македонски Бугари дека освен право на глас имаат право и на бесплатно вакцинирање против Ковид 19.