Министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека не очекува притисок со промената на раководството во САД, дека некој ќе ја притисне Бугарија за Македонија.
-Притисок не очекувам и тоа е втората голема наивност на политичарите во Скопје дека со промената на раководството во САД, некој ќе ја притисне Бугарија и Бугарија ќе потклекне и ќе ги спушти гаќите.
Го користам вашиот етер за повторно да им кажам. Немојте да се надевате на тоа, како што вели бугарскиот народ на двете страни на границата, од оваа страна на Осогово и од другата. Завршете си ја работата, спроведувајте го договорот за пријателство и добрососедство и работите ќе тргнат. Прекинете да ги воспитувате младите луѓе на говорот на омраза кон Бугарите, бидејќи ние сме еден народ и едната страна ги воспитува на омраза кон другата, тоа е целосно бесмислено, непродуктивно и нема да ги води кон ЕУ, вели Каракачанов во изјава за бугарската ТВ Нова.