Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева, најавува конкретни мерки за пристапни здравствени услуги и системска поддршка за лица со хронични состојби во главниот град.

„Како личност која долго се бори со хронична болест, знам дека вистинската грижа значи достапни услуги, предвидливи процедури и пристап до помош кога е потребна. Ќе инсистирам на воспоставување брзи канали за пристап до специјалисти и мобилни тимови за поддршка“, истакнува Карајанова Димитрушева.

Таа најавува и проактивна улога на градот во превенцијата и рехабилитацијата.

„Град Скопје ќе финансира редовни превентивни прегледи, психосоцијална поддршка и програми за рехабилитација. Градот мора да биде гарант дека пациентите нема да бидат оставени сами пред бирократијата“, порачува Карајанова Димитрушева.

Карајанова Димитрушева додава дека не станува збор за милост, тука за основно човеково право.

„За достоинство. Ќе создадеме мрежа за поддршка што ја разбира реалноста на животот со хронични состојби“, порачува Карајанова Димитрушева, притоа упатувајќи повик до граѓаните ако сакаат грижата да стане дел од локалната политика да го заокружат бројот 8 на гласачкото ливче.

Текстот Карајанова Димитрушева: Град Скопје мора да биде гарант дека лицата со попреченост нема да бидат оставени сами пред бирократијата е превземен од МАКФАКС.