Папу Гомез, капитенот на Аталанта кој влезе во војна со тренеро Џанпјеро Гасперини, од денеска е играч на Севиља. Повеќе извори од Шпанија и Италија потврдија дека се е договорено и дека Папу Гомез до крајот на денот ќе потпише четиригодишен договор.
Според медиумите, Севиља на сметката на Аталанта ќе уплати 7.5 милиони евра, но засега не се знае колку ќе изнесува платата на одличниот фудбалер.
Папу Гомез беше отстранет од првиот тим на Аталанта по кавгата со тренерот Гасперини кон крајот на минатата година, и од почетокот на декември нема одиграно ниту еден натпревар за италијанскиот тим во кој игра од 2014 година.