Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, јавно го поддржа актулниот претседател на РФМ, Живко Мукаетов, кој наредниот викенд (недела )ќе добие нов мандат да ја води Федерацијата и во наредните четири години.

Денеска сите ракометни екипи му дадоа безрезервна поддшка на Мукаетов, со што автоматски стана единствен кандидат за претседател на РФМ. По клубовите, денеска безрезервна поддршка му даде и капитенот на репрезентацијата, Кире Лазаров.

„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи“, порача Лазаров.
Редовното изборно собрание на РФМ е закажано за в недела 31 јануари.