Гоце Цветковски од охридско Подмоље познат како Гоце Вегета пред три дена од СВР Охрид заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.
Во стан во кој престојувал му биле најденидве зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис. Пријавата е поднесена на 2-ри ноември, но претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник. Објаснувањето е дека полицијата го истражувала случајот за да ја состави пријавата.