Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Горан Герсимовски  смета дека проектот „Скопје 2014“ е „налудничав“.

„Сметам дека „Скопје 2014“ е еден да не се изразам лошо „налудничав“ проект кој остави многу белези на Центарот на Скопје, имаме доста проекти кои не се поставени на  соодветни  места и позиции кои не се квалитетно направени. Залутавме во делот на антиката со еден мал ветер летаат фасадите од поголем дел од зградите“, вели Герсимовски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.