Кандидатот за градоначалник на Струга, од редовите на Алијанса за Албанците/Алтернатива Идри Сефери ги повика сите симпатизери на останатите партии да гласаат за него против Рамиз Мерко, кандидатот и актуелен градоначалник од редовите на ДУИ.

-Почитувани стружани!, Дојде време да се oбединиме!, Време е да го повикаме секој граѓанин на Струга, со или без партиска припадност, од Алијанса и Алтернатива, од Беса и ДПА, од ВМРО и СДСМ, од Либералите и од Левица,
од сите етнички, верски и јазични припадности, од сите идеолошки припадности и од која било група. Ова не е лична битка на Идри Истрефи, туку е голема битка на стружани против една власт која тоне во корупција. Струга им припаѓа на стружани и на секој граѓанин од секоја страна на земјата што неа ја посетува. Струга нема сопственик. Ова е нашата голема коалиција, коалицијата за СТРУГА. Гласајте број 6 и радувајте и се на победата, порача Идри Сефери.