Затворањето на австралиската престолнина Канбера е продолжено до средината на октомври, соопштија властите.
Околу 400.000 жители на главниот град се принудени да останат дома еден месец откако беше идентификуван првиот случај на ковид-19 во градот. Инциденцата, поврзана со варијантата делта, беше ограничена на 252 активни случаи и 276 оздравени лица.
Шефот на владата на главниот град на Австралија, Ендрју Бар, рече дека властите сакаат да продолжат да го ограничуваат пренесувањето на вирусот и да вакцинираат што е можно повеќе луѓе.