Нивите во Светиниколско повторно се суви. Бостанот, пченката, дињите и детечината не виделе вода десет дена, јавува ТВ 24.

Каналите за наводнување се суви. Земјоделците секое утро ги поставуваат цевките и се надеваат дека ќе потече вода од главниот канал, ама надежта им е залудна.

Никој не знае зошто нема вода. Од Водостопанство не им даваат кокретен одговор на земјоделците.

Земјоделците од овој регион бараат итна средба со министерот за земјоделство за тој да се увери во односот на Водостопанство и штетите што ги трпат. Во спротивно најавија дека ќе организираат протести и блокади.