Следната канадска влада ќе ја формира Либералната партија на Џастин Трудо, на кого тоа ќе му биде трет мандат како премиер, јавија канадските медиуми.
Врз основа на првичните изборни резултати, сè уште не е можно да се каже дали Трудо ќе предводи мнозинска или малцинска влада.
Во земја со шест временски зони, последните избирачки места беа затворени во 19 часот (вторник 04:00 по средноевропско време) на запад, во Британска Колумбија, на брегот на Пацификот и во Јукон.
Премиерот во заминување распиша предвремени избори кон средината на август во обид да го освои мнозинството што го загуби две години претходно. Но, се уште не е познато дали ја победи умерената конзервативка Ерин О’Тул, која водеше успешна кампања.