Премиерот на Канада Џастин Трудо по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Отава ќе и испрати на Украина уште една пратка со високо-софистицирана воена опрема.
Разговаравме за санкциите против Русија и хуманитарната помош за Украина, напиша Трудо на Твитер.
Тој додаде дека го поканил Зеленски да се обрати во канадскиот Парламент.