Раперот Канjе Вест ги прекинал сите контакти со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, па сега таа е принудена да комуницира со нејзиниот поранешен сопруг само преку неговиот тим за односи со јавноста, пренесува „Мирор“.
Поранешната двојка се согласи да има заедничко старателство над нивните четири деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм. Сепак, според извори на странски медиуми, раперот дополнително ги отежнува работите.
Откако претходно ја замоли Ким да се држи настрана од него додека тој поминува време со децата, тој сега го променил и неговиот телефонски број, така што таа може да го добие само преку посредник.
– Уште пред Ким да поднесе барање за развод, Канје го смени бројот и рече: „Можеш да ме контактираш само преку моите луѓе“. И покрај тоа, таа му верува што се однесува до децата. Канје ги обожава своите деца и често ги гледа, изјави изворот близок на парот за странските медиуми.
Кога е доаѓа да се дружи со децата, Ким ја напушта куќата. Тие исто така имаат „армија“ дадилки за да им помогнат.