Се уште има граѓани кои не веруваат во анти -ковид вакцините и не веруваат дека вирусот Ковид 19 постои. За таа цел, Здружението на жените Турчинки заедно со Здравствен дом Скопје во општина Чаир ќе организираат кампања “Почитувај ги протоколите- живеј живот без Ковид 19“.
И лекарот Злате Мехмедовиќ смета дека погрешните информации за анти ковид вакцините го намалиле процентот на заинтересирани граѓани за вакцинација.
Кампањата е предвидено да се одржи преку одржување едукативни работилници од страна на специјализирани лица од Здравствен дом Скопје и активисти на терен од Здружението Дерја.
Проектот е финансиран и поддржан од Владата на РСМ а ќе трае 5 месеци. Главната цел на кампањата е подигање на свеста на граѓаните во општина Чаир за Ковид 19, а според планот, се предвидува директно да се едуцираат 200 лица а индиректно околу 5000 граѓани во Чаир.