Камион со странски регистарски таблички пропадна во фонтаната на плоштадот Македонија. Ова не е првпат камион да пропаѓа во фонтаната која не е во функција, а залудни беа и апелите на властите да не се поминува со возила над неа. МВР веќе извршил увид и направиле записник. Според информациите, камионот, односно компанијата во чија сопственост, имала дозвола од Град Скопје да влезе на просторот на плоштадот.