Камион вчера излетал од патот на скопската обиколница, во близина на клучката Радишани. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.