Камила, сопруга на британскиот крал Чарлс III, отишла на патување во Индија со пријателите.
Таа моментално престојува во здравствениот центар Soukya Holistic во близина на градот Бенгалуру, пишува Times of India.
Медитација, хомеопатија, јога, терапија и древниот традиционален систем на медицина познат како Ајурведа се достапни во споменатиот центар, кој го води д-р Исак Матаи.
Резиденцијалниот медицински институт се смета себеси за прва интегративна здравствена дестинација во светот фокусирана на „третман, превенција или подмладување“, според неговата веб-страница.
Не и е прва посета на овој центар
Според локалните медиуми, Камила таму ќе помине десет дена. Ова не е прв пат Камила да го посетува тој здравствен дом. Таа беше таму пред три години за 71-виот роденден на Чарлс.
Во меѓувреме, Чарлс е во Сандрингем и се очекува да се врати во Лондон на почетокот на оваа недела за да назначи нов премиер.