Последниот филм во кој глумеше славната актерка беше мјузиклот „Annie“ од 2014 година. Диаз вели дека причината за нејзината долга пауза е презаситеноста од патувања и филмски сетува.

Актерката беше гостин во американското радио шоу „Quarantined with Bruce“ за да го промовира својот бренд за вино. Воедно, 48-годишната ѕвезда откри што ја „спречува“ да се врати на својата актерска кариера.

EPA EFE
ЕPA-EFE / FACUNDO ARRIZABALAGA

Покрај мајчинството, таа е насочена и кон „Avaline“, нејзиниот бренд за органско вино што го лансираше минатата година со својата пријателка Кетрин Пауер. Таа вели дека нејзиниот бренд е единствената работа што ја работи периодов, освен тоа што е сопруга и мајка.

Дали некогаш повторно ќе се појавам во филм? Не сакам, но дали ќе се појавам – не знам. Немам идеа. Никогаш не вели никогаш, но не можам да замислам дека како мајка со едногодишно дете би можела да бидам далеку од него на филмскиот сет кој трае од 14 до 16 часа секој ден“, вели Камерон, која во декември 2019 година со сопругот Бенџи Меден ја добија нивната ќерка Редикс.

Актерката вели дека не би можела да биде онаква мајка каква што си замислува, ако го одбрала мајчинството во некој друг период од нејзиниот живот.

Сочувствувам со многу мајки кои не можат да им се посветат на своите деца затоа што мораат да одат на работа, без оглед на нивната работа“, вели актерката додавајќи дека подеднакво сочувствува со децата на тие мајки.

Едноставно се чувствувам благословено што сега можам да бидам со своето дете… Тоа е благослов и привилегија за која сум многу благодарна“, вели Камерон.

Актерката во април минатата година и рекла на својата пријателка Кетрин Пауер дека останувањето дома поради мајчинството е најубавиот дел од животот.

Го обожавам мајчинството. Тоа е најдобриот, најдобриот, најдобриот дел од мојот живот. Среќна сум и благодарна што успеав да станам мајка со Бенџи. Навистина си поминуваме најдобро досега. Сè е супер“, актерката не го криеше својот ентузијазам за мајчиството.