Камерон Дијаз глумеше во бројни познати филмови, а последната своја улога ја одигра во 2014 година во адаптацијата на мјузиклот „Annie“. Во неодамнешното интервју за „Yahoo Finance“ во кое го промовираше својот бренд на вино „Avaline“, Дијаз повторно проговори за тоа зошто земала пауза од глумата.
„Едноставно сум на друго место во животот сега“, изјави таа говорејќи за својот семеен живот со сопругот Бенџи Маден и ќеркичката Редикс, која ја роди минатата година во 48-та година од животот.
„Сега сум тука и никогаш во животот не сум била поисполнета“, изјави таа.
Дијаз додаде дека семејството едноставно е најдобарата работа за неа.
„Го немам она што е потребно за снимање на филмови“, продолжи таа. „Целата моја енергија е тука“.
Дијаз откри дека за промена во кариерата ја поттикнала нејзината пријателка продуцентка, која одлучила да основа семејство и како што вели таа, нејзиното семејство започнало да еволуира па токму затоа и Камерон одлучила сто проценти да му се посвети на семејниот живот и никогаш не зажалила за тоа.
Таа изјави и дека за враќање на глумата засега не размислува, но доколку се случи, ќе биде подготвена за тоа.