Туристички автобус од српски превозник, кој пренесувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, пишува „Блиц“.
Според раководителот на сообраќајот на компанијата, руските државјани биле на патување на земјите во регионот. Автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот заминале на спиење. Меѓутоа се случил инцидент откако непознати сторители го оштетиле возилото и го исркшиле стаклото. Автобусот бил обиен и украдени се лични работи на патниците и возачот кои биле во автобусот.
Полицијата извршила увид. На искршениот прозор биле најдени траги од крв.
Поради штетите, туристите не можеле да го продолжат патот со возилото, па по нив дошол друг автобус.