За истрагата со атрактивните парцели на Водно, бизнисменот во неделата беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) достави белешка дека се подготвува за бегство. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара, а судот му одреди 30-дневен притвор
Ова нема да биде прво сведочење на Камчев во предмет против Бојан Јовановски. Бизнисменот беше и еден од клучните свевоци во аферата „Рекет“
Бизнисменот Орце Камчев и осомничен во две финансиски истраги, „Плацови на Водно“ и „Империја“, утре треба да биде спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје каде треба да сведочи во предметот „Меѓународен сојуз“.
Сведочењето на бизнисменот беше најавено на минатите судски рочишта за овој случај, а доколу утре биде спроведен тоа ќе биде негово прво појавување во јавноста по притворањето во неделата.
Во случајот „Меѓународен сојуз“ првообвинет, како претседател на истоимената невладина организација, е Бојан Јовановски – Боки 13 кој се товари за делата измама и перење пари. На обвинителна клупа се и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и асистентката на Боки, Христина Блажевска кои се обвинети за помагање во овие дела, како и експратеничката Фросина Ременски која се товари за помагање во делото измама. Таткото на Боки, Миле Јовановски, пак, е петообвинет за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.
Во овој предмет обвинителството тврди дека двајца познати бизнисмени, Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра – Мицевски сума од 719 905, а Амзоски 233 821 евра.
Ова нема да биде прво сведочење на Камчев во предмет против Бојан Јовановски. Бизнисменот беше и еден од клучните свевоци во аферата „Рекет“ каде неправосилно Јовановски е осуден на 9, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на 7 години затвор. Тој предмет се однесуваше на тоа што, според теоријата која ја застапуваше обвинителството, од Камчев биле барани пари за тој да добие повластен третман во „Империја“ каде е осомничен.
„Империја“ сè уште е во фаза на истрага, повеќе месеци документите од овој предмет се на финансиско вештачење, додека случајот „Плацови на Водно“, каде тој исто така е осомничен, неофицијално е пред обвинение.
Токму за продажбата на атрактивните парцели на Водно во неделата Камчев беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) достави белешка дека се подготвува за бегство. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара, а судот му одреди 30-дневен притвор./ 360stepeni.mk/