Бизнисменот Јордн (Орце) Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд во Скопје ја одби понудената гаранцијата во висина од 1,7 милиони евра поднесена од неговите бранители за да биде пуштен во домашен притвор, јавува Iportal.
Судот смета дека гаранцијата не е доволна, бидејќи сѐ уште постои опасност од негово бегство. Камчев кој е осомничен во случаите „Империја“ и „Плацевите на Водно“ останува во Истражниот затвор „Скопје“.
Камчев беше уапсен на 13 март, откако во службена белешка на Агенцијата за национална безбедност било посочено дека реализирал средби со луѓе од странство кои биле таргет на агенцијата, што било индиција за негово бегство во Бугарија.