Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор. Кривичниот суд попладнево ја одби неговата жалба. Камчев ја издржува притворската мерка во Шутка од неделата.
Адвокатот Тони Менкиновски се жалеше на мерката и обвини дека се прави политичка хајка врз биснизменот кого го апсат, додека тој донира во пандемијата.
Инаку биснизменот Камчев е уапсен поради истрагата „Плацови на Водно“, во која е осомничен за перење на пари заедно со неговата мајка, поранешните функционери Никола Груевски и Сашо Мијалков.