Бизнисменот Орце Камчев поднесе нова гаранција до судот за да излезе од притвор од истражниот затвор „Скопје“, одреден за случајот „Плацевите на Водно“.
„Предлог гаранцијата се состои од недвижен имот во противвредност од 1.718.701 евра и готови парични средства во износ од 200.000 американски долари, одговориле од Обвинителството за „Фокус“.
Одбраната тврди дека во новото барање е понудена гаранција од имот на друг член од семејството на Камчев, кој не е обвинет во случајот.