Потпретседателката на САД, Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф направија убав гест за Денот на вљубените. Тие одвоија дел од своето време за да им се заблагодарат на припадниците на медицинскиот персонал кои макотрпно се борат со коронавирусите.

Во саботата, потпретседателката на САД со својот сопруг се состана со Денис МекДонау, секретарот на болницата за ветерани во Вашингтон и неговата сопруга Кари, и во ненајавена посета ги изненадија здравствените работници со мало внимание.

Instagram
Instagram

Имајте сладок Ден на вљубените! Ве цениме. Камила и Даг“, беше пораката на колачињата кои им беа поделени на персоналот во болницата.

Ние сме многу благодарни што ве имаме“, им рече Харис на лекарите и медицинските сестри.

Даг Емхоф на својот инстаграм-профил сподели фотографија од слаткото изненадување .

Овој викенд нашите срца се со здравствените херои кои работат деноноќно пружејќи помош на нашата земја во овие тешки моменти. Многу сум среќен што секретарот на болницата, Денис МекДонау и неговата сопруга Кари беа во можност да ни се придружат за да им изразиме благодарност на вредниот персонал на болницата во Вашингтон“, напиша Емхоф во описот на фотографијата.