
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски одлично игра на фјучерс турнирот во Мадрид. Тој денеска избори пласман во 1/4 финалето откако славеше со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 против Италијанецот Федерико Бондиоли.
Ивановски во следната рунда ќе се сретне со Алан Фернандо Рубио Фиерос кој исто така очигледно е во добра форма во моментов затоа што го елиминираше првиот носител на турнирот Адриа Сориено Барера.