Гувернерот Калифорнија, Гевин Њусом, во понеделникот прогласи вонредна состојба во оваа американска сојузна држава поради ширење на вирусот мајмунски сипаници со цел да ги засили напорите на државата за вакцинација.

Advertisements

„Калифорнија работи брзо на сите нивоа на власта за да го забави ширењето на мајмунските сипаници користејќи масовни тестирања и следење на контактите, зајакнати за време на пандемијата, за да се осигуриме дека оние што се најзагрозени се во нашиот фокус како целна група за вакцина и третман“, рече Њусом.

Речиси 800 случаи на мајмунски сипаници се потврдени во Калифорнија, покажуваат најновите податоци објавени од калифорниското одделение за јавно здравје.

Според официјалните податоци, 98,3 отсто од случаите биле потврдени кај мажи, од кои повеќето ѝ припаѓаат на ЛГБТ-заедницата. Вирусот најмногу се шири меѓу мажите кои имаат секс со мажи, како и меѓу трансродовите лица.

Вонредната состојба ѝ олеснува на државата да го координира одговорот на пандемијата и им овозможува на работниците од итната медицинска п „Ќе продолжиме да работиме со федералната влада за да обезбедиме повеќе вакцини, да ја подигнеме свеста за намалување на ризикот и да застанеме со ЛГБТК-заедницата во борбата против стигмата“,рече Њусом.омош да спроведуваат вакцинации.

Симптомите на мајмунски сипаници се слични на сипаници, иако обично се поблаги. Оние што се заразени со вирусот првично имаат покачена температура, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност. Подоцна се појавува исип, кој обично започнува на лицето, а потоа се шири.