Снежана Калеска Ванчева пратеничка од редовите на СДСМ во емисија „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија потенцираше дека не се потребни популистички декларации за Гоце Делчев.
„Не постои Македонец кој што не се гордее со Делчев и останатите револуционери. За тоа не се дебатира. Тоа е длабоко во корените. Делчев е нешто свето за нас. Зар треба со Декларација во Собранието да го потврдиме тоа. Дали утре ќе треба Декларација и за Сандански и Мисирков“, нагласи Калеска Ванчева.
Таа истакна дека опозицијата на сите можни начини се обидува да испровоцира предвремени парламентарни избори, иако граѓаните пред година и седум месеци довербата и ја дадоа на СДСМ и коалицијата.