Давиде Калабрија рече дека дресот на Милан е неговата втора кожа откако стави потпис на нов договор со росонерите. Италијанецот е продукт на младинската школа на Милан во која почна да игра кога имаше само 10 години. Од 2015 година е дел од првиот тим на „росонерите“ и веќе запиша 123 настапи со пет постигнати голови.
„Дресот на Милан го чувствувам како втора кожа“, рече Калабрија.
„Овој дрес е мојата втора кожа, клубот е мојата втора фамилија“, изјави Калабрија за „Милан ТВ“.
„Израснав тука, тука сум 15 години, искусив многу емоции како дете па до тоа да се биде во сениорскиот состав. Задоволство и гордост е тоа што ќе продолжам да одам по овој пат“.
„Емоционално ќе биде играњето во Лигата на шампионитет, тоа беше една од моите цели и не можам да дочекам да заиграм на Сан Сиро во ова натпреварување, се надевам пред многу фанови“.
„Тие ни даваат многу поддршка особено во тешки моменти како во финишот од сезоната. Беше прерасно да се види нивниот ентузијазам и пасија која ја нема во секој клуб“.
„Гледам светла иднина, па мора добро да ја стартуваме новата сезона и да ја завршиме уште подобро“.