Локално црвенило, мал оток околу местото каде е извршено боцкањето и мала болка, се регистрирани кај неколку од здравствените работници кои примија вакцина против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за лесна локална реакција на вакцината.

Освен црвенило, мал оток и болка, друга реакција на вакцината досега нема, посочи Филипче.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.