Големо признание за македонскиот ракометен судиски пар Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Тие ја добија честа да го судат финалето во ракометна Олимписките игри во Токио помеѓу Данска и Франција. Одлично завршената задача на претходните мечеви на ОИ во Токио, но и секако претходно во нивната кариера им донесе финале на Игрите, кое се игра утре во 14:00 часот по македонско време.

Ќе потсетиме дека тие го судеа и финалето на последното Европско првенство во јануари на кое Шпанија ја победи Хрватска.