Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Јунајтред и Њукасл, Мајкл Овен во интервју за англиските медиуми даде помалку чудна изјава. Имено, тој коментирајќи го нерешениот резултат на ПСЖ на гостувањето кај Бриж (1:1), иако од прва минута играа Меси, Нејмар и Мбапе, изјави дека не му е јасно зошто се мисли дека францускиот тим е фаворит во ЛШ, кога според него имаат послаб состав од лани.

-Ова трио на ПСЖ е послабо отколку во претходните сезони и не разбирам зошто тие се еден од фаворитите за освојување на трофејот. Мислам дека англиските екипи се многу помоќни од францускиот тим“, вели Овен.