Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022.

Франција беше голем фаворит, па победата не е изненадување. Сепак, пред мечот нашите ракометарки оставија голем впечаток. Со солзи во очите, во еден глас ја пееја македонската химна. Токму поради тоа видеото од химната се најде и на социјалните мрежи на ЕХФ која одлучи на овој начин да го одбележи емотивниот момент.