По три ипол часа борба Новак Ѓоковиќ го совлада Циципас. Конечниот резултат гласеше 2:1 во корист за Ѓоковиќ (4:6, 7:5, 7:5), но ова беше антологиски меч кој веројатно ќе се прераскажува во годините кои следуваат.

Првиот сет го доби грчкиот тенисер по голема борба, но вистинската драма се случуваше во вториот и третиот сет, а сето ова траеше три ипол часа.

Во вториот сет Циципас имаше предност брејк, се чинеше дека тоа е крај за Ѓоковиќ, но српскиот тенисер имаше неверојатно враќање. Овој сет траеше цели 65 минути.

Во третиот сет повторно поведе Циципас, водеше со 5:4, но Ѓоковиќ повторно се враќа и на крајот преку брејк го добива мечот.

Во полуфиналето на мастерсот во Рим, Ѓоковиќ ќе игра против Сонего.