Околу 1.000 функционери, судии, обвинители, градоначалници, директориќе добијат повисоки плати за април, што ќе значи одлевање на дополнителни средства од буџетот во висина од 960 милиони денари годишно (над 15 милиони евра) или месечно по 80 милиони денари, објави Дојче Веле на македонски јазик.
Станува збор за непланирани буџетски трошоци со оглед на тоа дека мерката стапува на сила по неодамнешната одлука на Уставниот суд кој укина два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, со што овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто.
Пренамена на средства
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека средствата за исплата ќе мора да се обезбедат со пренамена.
„Ќе треба да пренамениме средства од други позиции за да се дадат платите на функционерите. Тоа треба да го направи секоја институција со согласност со Министерството за финансии“, рече Бесими одговарајќи на прес-конференција во Владата.
Целата вест на Дојче Веле.